Доскоцил загрижен за исламизацијата на Балканот и за влијанието на Турција
Има опасноста од растечкото влијание на исламот во земјите од југоистична Европа, тврди министерот за одбрана на Австрија, Ханс-Петер Доскоцил.
„Гледаме исламизација на Балканот од која не лазат морници"- вели овој влијателен политичар од редовите на австриските социјал-демократи за германски Die Welt.
Весникот наведува дека Турција се обидува да ги освои жителите во регионот со обновувања на џамии во Босна и на Косово, во Сараево и Бања Лука, како и Призрен и Приштина, додека истовремено нејзините инвеститори вложуваат во Босна и на југот на Србија. На Косово, турски компании се присутни во прехранбената индустрија, изградба на патишта и во енергетскиот сектор. Во Албанија исто така се шири влијанието на Турција. Според него, силата и влијанието на ЕУ на Балканот бледее, додека од друга страна Турција и Саудиска Арабија го шират своето влијание. Министерот верува дека официјална Анкара е многу влијателна на Косово, во Албанија и во Србија.
Слично
