Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДОСИЕ СРБИЈА: Од режим до демократија и обратно – што ќе донесат предвремените избори?

ДОСИЕ СРБИЈА: Од режим до демократија и обратно – што ќе донесат предвремените избори?
Граѓаните на Србија  по 12 пат ќе излезат на избори, овојпат предвремени парламентарни избори. Дали премиерот Александар Вичиќ сака да ги одмери силите поради зголемената или ослабената позиција? Српскиот премиер одлуката ја соопшти на седницата на највисокото тело на неговата партија а ваквиот став  го оправда со фактот дека му е потребен целосен легитимитет за нов четири годишен мандат бидејќи како што рече, Србија во 2020 година мора да биде модерна држава. Изборите ќе се спроевдат на 24 април, а странските медиуми излегоа со различни толкувања околу мотивот за распишување на предвремените парламентарни избори . Од опозициската Демократска партија (ДС) сметаат дека одлуката Александар Вучиќ, да поднесе оставка од функцијата претседател на српската влада е добра вест за сите. Од Милошевиќ, преку Џинѓиќ до Вучиќ - како гласаа србите на досегашните парламентарни избори... Српски “Телеграф“ хронолошки ги анализира досегашните избори и исходот од нив. “Telеgarf.rs“ потсетува дека првите демократски праламентрани избори се оддржале на крајот од 1990 година, кога неприкосновена победа со дури 194 мандаит извои Слободан Милошевиќ.  Две години потоа се спроведуваат превремени избори со уште една победа на СПС на Милошевиќ. Тоа се случува и на изборите во 1997 година а пресврт следува во 2000 година – паѓа режимот на Слободан Милошевиќ а ДОС објавува историска победа. Избори се спроведуваат и во 2003 гадина а во 2007 та, според анализата на “Телграф“ повторно победа прогласуваат радикалите кои успеваат да освојат најмногу мандати – дури 81 во српскиот парламент. На 11 мај 2008 ма година на спроведените избори победува коалицијата за “Европска Србија“ со освени 102 мандати. Нови избори во мај 2012 година, победнички за партијата “Српска напредна партија“ на Александар Вучик. Исти изборен исход и по мартовските избори во 2014 година. Зошто превремени избори ? Медиумите во Србија различно го толкувата потегот на Вучиќ да распише предвремени парламентарни избори. Во една од своите анализи “Телеграф.рс“ ги пренесува и толкувањата и оценките на странските медиуми за тоа која би била заднината на еден ваков потег. “Ројтерс проценува дека Вучиќ со овој потег има за цел да ја консолидира својата моќ и да помогне во напредокот на Србија во преговорите со ЕУ, истакнувајќи дека партијата на Вучиќ, убедливо победи на изборите во март 2014 година, и се уште има висок  рејтинг и покрај намалувањето на пензиите и платите во јавниот сектор . Ројтерс потсетува дека Вучиќ ја обвини дека опозициската Демократска партија оти ја приближила земјата до работ на колапс и најави дека "ќе ја разбие спрегата меѓу политичарите, тајкуните, криминалот и корупцијата", додека противниците го обвинуваат за автократија, потиснување на слободата на медиумите и недостатокот на напредок на економски план“, пренесува “Телеграф,рс“ и ги пренесува пишувањата на останатите релевантни странски медиуми. Блумберг анализира дека Вучиќ добил одобрување од неговата партија да се рапишат и да се одржат избори две години пред рокот, а како клучна цел се посочува неговата намера да го промени составот на владеачката коалиција а потоа да пристапи кон спроведување на непопуларните реформи. “Италијанската новинска агенција АНСА објави дека српскиот премиер се изјаснил во полза на предвремени избори со цел, како што рече, се реши "латентниот општествен конфликт" во Србија, со што се спречува и се забавува темпото на реформите потребни за брза европска интеграција. Неговата одлука беше пречекан со "овации" на митингот на СНС“, пишува “Телеграф.рс“ Медиумот го пренесува и ставот на американската АП која ја цитираше изјавата на Вучиќ кој рекол дека изборите биле непоходни за да се формира нова стабилна Влада која ќе ги ги забрза економските реформи но и дека се потребни промени во неговиот кабинет. “Српската владеачка коалиција има чисто мнозинство во парламентот, но Вучиќ, како што изгледа, "сака да го цементира своето влијание во ситуација кога засилија шпекулациите за несогласувања во партијата СНС," - оценува АП. Позицијата на опозицијата .. "Предвремените парламентарни избори ќе му покажат и на Александар Вучиќ, и на неговиот режим дека граѓаните нема да молчи додека им се намалуваат платите, пензиите, додека се зголемуваат даноците и цените. Никој нема да седи со скрстени раце, гледајќи како оние на власт се богата и како од нивните намалени плати ги исплаќаат приватните бизнис договори кои се провлекуваат преку тајни договори. Граѓаните не се согласуваат на молк, терор и уништување на институции ", наведе во својата писмена изјава Бојан Пајтиќ, претседател на Демократската партија. Од таму најавија дека ДС на изборите ќе излезе со една програма која ќе покаже дека може да се спроведат реформи и нови вработувања без намалување на платите "Човекот кој се вели дека пред една година и девет месеци, ја најде земја пред банкрот, веројатно мисли на она што самиот на себе си го оставил во периодот на своето владеење од 2012 до 2014 година. Човекот кој вели дека не сака да погледне во минатото " , мисли само на сопственото минато, додека туѓото, фалисификувано минато во изминатите четири години го користи како изговор за сопствената неспособност, и сега тој човек очекува од страна на граѓаните да му дадат уште една шанса "да се ослободи од насилници во своите редови“, изјави опозицискиот лидер Пајтиќ. Тој додаде дека, единствениот проблем е што, Александар Вучиќ, толку многу пати во изминатите четири години ги измами граѓаните, што сега нема основ и право повторно да ја бара нивната доверба. Опозицијата лани, во април организираше масовен митинг, односно преку протести побара оставка на премиерот Вучиќ. Според проценките на протестите се вклучија над 20 илјади лица а како клучен аргумент против актуелната Влада на Србија беа економските неуспеси. Митингот се одржа под мотото „Да ја осветлиме Србија“.        
Слично

Поврзани вести