Економија, финансии, бизнис

Контакт

Досие „Пуч“: Верушевски повторно на распит во обвинителство!

Досие „Пуч“: Верушевски повторно на распит во обвинителство!

Зоран Верушевски екс директорот на УБК, како што пренесуваат дел од медиумите денеска од истражниот затвор во Шутка е однесен да даде исказ во Обвинителството за организиран криминал.

Верушевски е првоосомничен во акцијата „Пуч“, а  МВР го товари за две дела шпионажа и помагање при насилство спрема претставници на највисоките државни органи.

Пред само десет дена Верушевски беше изведен пред обвинител, кога и му беше продолжен притворот, а денеска е втор пат да биде изнесен на распит.

Според пишувањата на неделникот Фокус првиот пат Верушевски реагирал дека не соработувал со странски служби, дека на лицата со кои бил обвинуван дека контактирал, не им биле наведени имињата и адресите на живеење, дека кога му биле одземени компјутерите не биле запечатени, па се посомневал дека му биле подметнати докази. Згора на се, Верушевски реагирал и како тоа го товарат за сериозни кривични дела, а не му предочуваат докази.

Во полициската акција „Пуч“ осомничени се и неговата сопруга, лидерот на СДСМ, Зоран Заев и локален струмички функционер.

Слично

Поврзани вести