Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДОСИЕ „ПУЧ“: Верушевски и Заев на распит во обвинителство

ДОСИЕ „ПУЧ“: Верушевски и Заев на распит во обвинителство

Опозицискиот лидер Зоран Заев денеска треба да се појави во Јавното обвинителство и да даде исказ за случајот „Пуч“, а на пладне, и поранешниот директор на Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање, Зоран Верушевски, ќе даде исказ за аферата „Пуч“ во која тој е уапсен.

На последното испрашување на Заев му биле предочени доказите, за кои тој се бранел со молчење. Тој е четвртоосомничен во случајот „Пуч“.

Неодамна, во овој случај имаше и прва пресуда, кога поранешен вработен во МВР го призна делото и доби три години казна затвор.

Верушевски и Заев се товарат за шпионажа и уценување на премиерот на Република Македонија, Никола Груевски во корист на странски служби.

Слично

Поврзани вести