Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДОСИЕ КОСМОС: Кобна кота 143, уривај!

ДОСИЕ КОСМОС: Кобна кота 143, уривај!
Петата бомба која вчера ја презентираше лидерот на СДСМ, Зоран Заев е директно поврзана со рушењето на сонот на Фијат Цановски - мега комплексот „Космос“. Со оглед на фактот дека автентичноста на снимката не беше негирана од директните актери премиерот Никола Груевски и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, тоа само потврдува за немилосрдноста на државниот врв за скоро крвничката одмазда кон Фијат Цановски. Сонот „Космос“ кој се сруши заради политичка пресметка со класична злоупотреба на владините институции Мини град со околу 4.000 жители, модерен станбено - деловен центар од затворен тип со 24-часовна услуга, ротирачки ресторан на кровот…Ова беше проектот зад кој како инвеститор застана Фијат Цановски. Почна да се гради, на почетокот од 2011 година, планот беше комплексот „Космос“ да биде завршен на 31.12.2012 година. Но...немилосрдноста на политиката ги сруши сите соништа, не само на Цановски, туку и на 50-тината семејства кои имаа уплатено во мега проектот „Космос“, Кој беше гревот на Цановски Се одеше според планот, но се до моментот кога сватот на Фијат Цановски, сопственикот на А1 телевизија, Велија Рамковски не беше уапсен во декември 2010 година. Откако во јавноста се шпекулираше дека Цаноски финансиски ја помага А1 телевизија, почнаа проблемите за тогашниот пратеник, лидер на ПЕИ и сопственик на универзитетот ФОН. fijat-canovski-2 На Цановски, прво му беше одземена градежната дозвола, која потоа, како што самиот изјави, му била вратена по интервенција на премиерот Груевски. Но, добрите односи меѓу тогаш коалиционите партнери не траеја многу. Откако стана јасно дека ќе има предвремени избори, почнаа партиските прегрупирања, по кои Цаноски и Груевски се најдоа на различни страни. Токму преоѓањето во опозициската коалиција, веројатно беше вистинска причина за уривањето на „Космос“, кое започна на 1 август 2011 година, само неколку недели по новата победа на ВМРО-ДПМНЕ. Односите со ДУИ Непосредно пред предвремените прарламентарни избори во 2011 година, Цановски беше на само чекор до коалиција со ДУИ на Али Ахмети. Но, ја откажа во последен момент. Ахмети сметаше дека е „изигран“ со тоа што прифати промени на границите на изборните единици 5. и 6. наводно за Цаноски да има уште еден пратеник во „петката“. Во дел од шпекулациите за уривањето на „Космос“ остана и можноста дека освен политичките причини, на кои посочија дури и меѓународните институции, стојат и бизнис интересите на конкуренцијата. Зошто официјално беше срушен „Космос“ Формалното објаснување за рушењето на „Космос“ беше дека објектот бил за еден метар и 43 сантиметри повисок од предвиденото. Во моментот кога градбата беше стопирана, објектот имаше 6 ката од предвидени 17, што значи дека државата го сруши поради претпоставена штета, која ќе ја претрпеше дури откако ќе беше изграден и последниот кат. kosmos1 Цаноски бараше корекција на проектот, предвидена со законот додека трае градбата, но не му беше дозволена.  Државата преку своите институции, а особено преку настапот во Собранието на инспекторката задолжена за уривањето,  невешто ја бранеше одлуката за уривање, што остави впечаток во јавноста дека се делува грубо и селективно. Уште повеќе, „Космос“  беше срушен во моменти кога во полн ек беше акцијата за легализација на дивоградбите. Фијат Цановски против градоначаникот на Гази Баба Тони Трајковски На надзорната собраниска комисија од 05 октомври 2011 година каде како сведок пред пратениците меѓудургите беше и градоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски, тогашниот пратеник и инвеститор на „Космос“ Фијат Цановски директно го праша Трајковски. „На средбата на 18 јули после донесувањето на решението за рушење дојдов кај вас, а вие ме замоливте да ги тргнам телефоните. Тогаш ми потврдивте дека „Космос“ се гради легално, но дека имате наредба од горе. Ве прашувам кои се тие луѓе од горе кои ви наредија да направите криминал и да уривате легален објект, а да ве потсетам дека за се ова што го направивте се оди во затвор? toni-trajkovski-gazi-baba-gradonacalnik На прашањето на Цановски, Трајковски пред пратениците потврди дека веднаш откако инспекторката констатира неправилности го повикавме Цановски да не информира зошто почнал да гради спротивно на одобрението.. „Не е точно дека телефоните биле тргнати и дека сум кажал како што рече Цановски оти некој ми дал задача. Мислам дека ова е кристално јасна чиста ситуација каде и стручната служба и самиот инвеститор потврдува дека гради спротивно на одобрението. Нема ниту П од политика, во рушењето на Космос“, изјави во октомври 2011, градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски. На што Цановски кусо одговори, лажете. Што предвидуваше проектот Самиот комплекс, според проектот, ја имаше големата зграда -седумнаесеткатница, поделена на пет ламели, и помалата зграда, која ќе била поставена полукружно. Двете згради заедно требало да имаат околу 560 стана. Поголемата зграда зафаќала бруто - површина од околу 80.000, а помалата околу 40.000 квадратни метри. Изградбата на комплексот ќе чинеше на околу 30 милиони евра. kosmos На долните катови од големата зграда предвидени беа предвидени деловни простории и шопинг - центар, а на последниот кат беше предвиден луксузен ротирачки ресторан со површина од 1.500.до 2.000 квадратни метри од кој ќе можеше да се гледа целата панорама на Скопје. Во средишниот дел на овој последен кат планирано било да се сместат и фитнес - центар, базен и сауна за рекреација на станарите. Беше предвидена и детска градинка. Меѓу двете згради, кои требаше да се оддалечени 120 метри, превиден бил парк и шеталиште. Паркирањето било решено со две подземни гаражи од по два ката под подрумите на зградите, а странично од комплексот била предвидена и гаража на два ката со околу 562 паркинг-места. Р.Ф [button color="orange" size="big" link="http://faktor.mk/2015/02/28/intervju-fijat-tsanoski-janakieski-mi-beshe-kuken-prijatel-a-so-gruevski-mi-nanesoa-ogromno-zlo/" ]ИНТЕРВЈУ ЦАНОСКИ: Јанакиески ми беше куќен пријател...[/button]
Слично

Поврзани вести