Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДОСИЕ КАРФУР: Tрговските гиганти во битка за грандиозниот простор во „Скопје Сити Мол“!

ДОСИЕ КАРФУР: Tрговските гиганти во битка за грандиозниот простор во „Скопје Сити Мол“!
Хипермаркетот „Карфур” стави клуч на врата, но неизвесно е дали друга компанија ќе го земе просторот на маркетот во трговскиот центар „Сити Мол”, за отворање на свој маркет или под брендот „Карфур”. Извори за Фактор коментираат дека уште пред извесен период, кога почнаа да се празнат полиците на „Карфур”, раководството „Сити мол” пројавиле интерес да ја земат лиценцата со цел да не се затвори маркетот, но планот не се остварил. Во меѓувреме и дел од познатите ланци маркети кои веќе работат во земјава планирале да го земат просторот и на истото место да отворат свој маркет. Меѓу заинтересираните како што дознава Фактор од неофицијални извори била компанијата „Верополус” која ги држи маркетите „Веро”. За нив било прифатливо на истиот простор да отворат маркет, но не под брендот „Карфур”, туку свој маркет. За просторот на „Карфур” наводно бил заинтересиран и менаџменот на ланецот маркети „Рамстор”, но со истиот план како и „Верополус”. Засега е незивесно дали некоја од овие две компании ќе отвори свој маркет на местото на „Карфур”, со оглед на тоа дека раководството на Сити мол,како што дознаваме, инсистирало тој што ќе го земе просторот да отвори маркет под брендот „Карфур”. Во јавноста од грчката компанија „Маринополус” која е сопственик на маркетот „Карфур” во Скопје, сеуште нема официјален став за причините за затворањето, како ќе се подмират долговите и што ќе се случи со вработените. Извори за Фактор велат дека странска компанија со познат светски бренд била заинтересирана да ја купи лицецата за „Карфур” од грчки “Маринополус”. carrefour Дел од поголемите македонски фирми добавувачи веќе покренале тужби против „Карфур” за да си наплатат долговите. Како што дознава Фактор, Комерцијална банка ја активирала хипотеката на кредитот што компанијата го имала земено во оваа банка, откако подолго време не биле измирувани обврските кон банката. Од стопанските комори побараа Владата да се вклучи во изнаоѓање решение за подмирување на долговите. Дел од стопанските комори до сите свои членки испратиле писмо да посочат дали имаат побарувања од „Карфур”. Според проценките, „Карфур” должи околу 10 милиони евра.Бизнисмените коментираат ваквиот долг е значителен удар врз стопанството, а  во целиот случај да се вклучи УЈП и Финансиска полиција, за да се испита како работела фирмата што стопанисуваше со маркетот. -Владата треба активно да се вклучи со матичната компанија во изнаоѓање решение за подмирување на долговите. Можен долг од 10 милиони евра кон компаниите, сепак е значителен удар врз стопанството кое и онака е кревко и кубури со ликвидност и со финансиски средства, изјави деновиве Фатмир Битиќи, извршен директор на Стопанската комора на Северозападна Македонија. Помпезно отворен, неславно заврши Хипермаркетот “Карфур“, се простира на површина од 4.650 квадратни метри и беше еден од најголемите во земјата. Почна со работа пред три ги пол години заедно со отворањето на трговскиот центар „Сити мол“. karfur 2       На почетокот маркетот беше преполн со најразлична роба од домашни и странски брендови, понуди пристапни и ниски цени,  а на касите имаше редици од потрошувачи.Кон крајот на летото минатата година. Рафтовите од маркетот почнаа да се празнат.   На полиците ги немаше ниту основните производи како леб, млеко и млечни производи, месо, вода, останаа само  производите пакувани под бреднот “Карфур”, односно Маринополус. 12660223_10208390507937171_1505954649_n     Дел од добавувачи тогаш престнаа да носат роба.Јасно беше дека маркетот има финансиски проблеми и застој во наплатата, но и тогаш од матичната фирма немаше никаква информација. Кој стои зад брендот Карфур? “Карфур” е француски синџир на маркети, но сопственик на маркетот кој работи во Скопје  е грчката компанија “Маринопулос” која ги купи “Карфур” маркетите во Грција откако оваа француска фирма реши да го повлече својот бизнис од Грција. Под исто сопствеништво се и маркетите Карфур Албанија и Грција. Според информациите од бизнис круговите, први со проблеми се соочиле маркетите во Албанија, па потоа и во Македонија. Оваа компанија многу маркети и во Грција. „Маринополус” има и свои производи, а на грчка територија се конкуренти со компанијата „Верополус”. Пропаднати странски инвестиции Брендот „Карфур” не единствениот што не опстои во Македонија. Пред неколку година пропадна и познатот ланец „Мекдоналд”, и за кој исто така за јавноста остана нејасно зошто престана со работа. Меѓу поголемните бреднови кои беа најаваени како крупни инвестиции а по по кус период пропаднаа беше и млекарницата „Сведмилк”, која беше сериозен удар за македонското сточарство а зад себе остави долг од скоро 30 милиони евра кон фармерите и компаниите. Меѓу поновите странски инвестиции кои и најавија повлекување од Македонија е копанијата „Вистеон Електроникс” за чие заминување од раководството на компанијата наведоа дека е деловна одлука. Засега сеуште нема официјална потврда дали руската фармацевтска фирма „Продис” ќе стави клуч на врата,откако во јавноста излегоа информации дека вработените веќе неколку месеци не земаат плата. Т.С
Слично

Поврзани вести