Досие Јоханес Хан: Се коцка ли Европа со иднината на Македонија?
Австриецот Јоханес Хан во новиот состав на Европската комисија предводен од Жан Клод Јункер го наследи Штефан Филе на позицијата шеф за соседкса политика и проширување. Името на Хан е најспоменувано во Македонија изминатава година. Целиот расплет на политичката криза во Македонија преточен преку договорот од Пржино практично е поврзан со името на Јоханес Хан. Летово Хан замина од Пржино со договор на четирите политички партии. Во меѓувреме, го почитуваа, но и обвинуваа за пристраснот во текот на преговорите. Последниот пат Хан си отиде од Пржино, разочаран. Најави нова посета некаде кон средината на февруари. Кој е еврокомесарот за прширување.,.
Јоханес Хан е роден на 2 декември, 1957 година. Студирал на Универзитетот во Виена , каде докторира по филозофија во 1987 година. Хан е оженет и има еден син, роден во 1988 година.
Јоханес Хан - австриски политичар, од ноември 2014 година е комесар за европска соседска политика и проширување. Претходно работел како европски комесар за регионална политика, наследувајќи ја Бенита Фереро-Валднер како претставник на Австрија во ЕУ.
Јоханес Хан својата политичка кариера ја започнал во младинската организација на Австриската Народна Партија, каде што тој бил претседател на групата од Виена од 1980 до 1985. По ова, тој бил активен во Сојузна Младинскиот совет на Австрија и Генералниот Секретаријат на Австриската Народна Партија. Во 1992 година, Хан станува секретар на Австриската Народна Партија, а во 1996 година е член на Градскиот совет во Виена.
Од 2004 Хан бил претседател на Австриската Народна Партија во Виена и тогаш неговата партија е фаворит на регионалните избори во октомври 2005 година, големиот број на освоени гласови, неговата Австриската Нардона Партија стана втората најсилна партија во регионалниот парламент, со 18 места. Заминувањето на Хан во Европската комисија значеше дека тој мора да поднесе оставка од позицијата - претседател на Австриската народна партија во Виена. Во биографијата на Јоханес Хан е запишано дека бил член на австриската регионална влада, за потоа да ја добие министерската функција - за наука и истражување, во периодот од 2007 - 2010, а истата година откако му заврши овој мандат е избран за еврокомесар за регионална политика, функција која ја врши до 2014. Хан е член на Австриската народна партија и на Европската народна партија (ЕПП).
Хан - обвинет за плагијат на неговата докторска дисертација
Во мај 2007 година Штефан Вебер (популарно наречен - гонител на плагијатори) во медиумите го обвини Хан како „апсолутно невешт“ во работата поврзана со неговата докторска теза, тврдејќи дека Хан има ископирано бројни страници од други книги без да се цитира нив коректно. Но, осомничените плагијати не беа потврдени од страна на стручна комисија од Универзитетот во Цирих. Сепак, според Херберт Храховец, професор по филозофија на Универзитетот во Виена, швајцарските експерти оцениле само еден мал дел од дисертацијата на Хан. Универзитетот во Виена ги разгледа овие сомневања, но не одлучи да започне постапка за испитување на дисертацијата, велејќи дека Хан никогаш не претставил како своја интелектуална сопственост на други луѓе.
Во февруари 2011 година парламентарецот од Австриската зелена партија Петер Пилц, го овласти Штефан Вебер повторно да ја процени докторска теза на Хан. Крајот на мај, експертската група ги објави своите наоди, според кои 17,2 % од неговиот труд е плагијат. Хан ги негира обвиненијата и тврдеше дека тие се "политички мотивирани и не се релевантни. Во ноември 2011 година, Јоханес Хан, беше ослободен од сите обвиненија во врска со "плагијат".
Хан и поврзаноста со Новоматик, компанија во казино бизнисот
Во 1997, Хан станува член на Надзорниот одбор на Новоматик, компанија во казино бизнисот, а во 2003 година веќе е на менаџерската позиција, но таму останува кратко, затоа што носи одлука за негов сериозен политички ангажман. По напуштањето на Новоматик тој е член на австриската регионална влада, за потоа да ја добие министерската функција - за наука и истражување, (2007-2010) и истата година откако му завршува овој мандат е избран за еврокомесар за регионална политика, функција која ја врши до 2014. Нема никаков податок дека Хан е соопственик или акционер во компанијата во казино бизнисот.
Според информациите сопственик на Новоматик е милијардерот Јохан Граф. Австриската компанија „Новоматик“ подолго време е присутна во Македонија како сопственик на казина. Во март 2014 година таа стана сопственик и на казиното „Фламинго хотел“ кај Гевгелија, на границата со Грција. Како што соопшти менаџментот на компанијата тогаш, се работи за инвестиција вредна 20 милиони евра, а беше кажано и дека компанијата веќе има инвестиции од 40 милиони евра во Македонија.
Гостин на промоцијата беше возачот на Формула 1, Ники Лауда. Според информациите во медиумите „Новоматик“, во Македонија има четири одделни фирми, ги поседува и казината „Адмирал“ и „Астра“ како и над 30 клубови со слот машини во повеќе градови низ државава. Според официјалната биографија на еврокомесарот Јоханес Хан, тој од 1997 до 2003 година работел како член на бордот на директори на „Новоматик“, а еден период бил и извршен директор на компанијата.
Дали еврокомесарот Хан е неутрален во македонските преговори
Не така одамна, уредникот во Алсат М, Васко Попетревски, повикувајќи се на дипломатски извори изрази сомнеж во неутралноста на Хан.
„За жал, перцепцијата за тоа дека Хан можеби не е доволно неутрален, не е само медиумска шпекулација. Доаѓам од еден собир на кој имав шанса да разговарам со повеќе дипломати во Скопје. Денеска имало, еден од редовните координативни состаноци на амбасадори главно на земји членки на ЕУ, и еден од претставниците на една од влијателните земји членка, го поставил прашањето за неутралноста на Хан, поточно за неговите бизнис интереси во фирмата „Новоматик“. Оваа информација, со сигурност ви тврдам, е стигната до Хан, се ѕвонат телефони за да го разјаснат ова прашање. Но ако дипломат на влијателна земја членка си дозволил да го постави прашањето за неутралноста на Хан претпоставувам дека и ние сме тука некаде на вистинската трага околу оваа дилема“, изјави во јуни лани Попетревски. Од канцеларијата на еврокомесарот Хан, експресно уште тогаш возвратија дека секо обвинување кое ја доведува во прашање непристрасноста на комесарот Хан и неговите напори да ги олесни разговорите кои треба да доведат до решение на кризата, се нонсенс и немаат никаква основа.
Хан и Македонија
Последното доаѓање на Хан (15 јануари 2016 година) беше непријатно. Тој замина од Скопје сериозно загрижен за ситуацијата во Македонија. Еврокомесарот Хан и неговата екипа се разочарани на 15 овој месец не се дошло до договор помеѓу партиите, што опозицијата излегла од Собранието и што изборите се распишани без согласност на опозицијата. Сепак, на средината на февруари во Скопје повторно доаѓа Хан со точен план во три точки како да ја натера опозицијата да учествува на изборите и како тие избори да бидат кредибилни, ова откако мнозинството пратеници во Парламентот (ВМРО ДПМНЕ и коалцијата и ДУИ) гласаа за распуштање на Собранието, кое ќе важи од 24 февруари, за изборите да се одржат на 24 април. Опозицијата најави дека нема да учествува на избори кои нема да бидат фер, повикувајќи се на договорот од Пржино, кој според нив не е целосно спроведен, особено клучните точки поврзани со ДИК и медиумите. Хан доаѓа во февруари, каков ќе биде епилогот? Избори без опозиција или поместување на датумот?
М.И.
Слично
