Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ДОСИЕ БОРИС ТРАЈКОВСКИ: Што открива новиот извештај за несреќата?

(ВИДЕО) ДОСИЕ БОРИС ТРАЈКОВСКИ: Што открива новиот извештај за несреќата?

Во извештајот што го објавија босанските медиуми не дошло до експлозија, ниту пожар и нема никакви траги кои упатуваат на диверзија или терористички акт, пренесува федерална.ба.

Ставот на истражната комисија е наведен во извештајот, кој денеска е предаден на обвинителството и Министерството за транспорт и врски на БиХ. Истиот тој извештај во наредните денови ќе биде предаден и на македонското обвинителство.

На несреќата во која загина претседателот Борис Трајковски, екипажот и патниците влијаеле серија критични пропусти, случувања и услови. Клучна причина за падот на авионот на претседателот и делагацијата било слетувања под минималното пропишано ниво, а на тоа влијаеле недоволниот, неквалитетниот и неподготвениот екипаж за приод и слетување, кои ги игнорирале информациите на сообраќајните контролори за тековната метеоролошка ситуација, погрешно утврдување и крајната точка на пристап, што довело до прерано снижување, исклучување на автоматскиот пилот во фазата на пристап, недоволна тимска работа на членовите на екипажот, неодржување на хоризонталниот лет од страна на пилотот и неодговорната реакција на ко-пилотот.

Екипажот, кој бил променет 15 дена пред летот, не бил доволно подготвен. Пилотот и ко-пилотот само делумно биле запознаени со временските услови, а авионот иако има уверение за воздушна пловидба, сепак не бил функционален, се наведува во извештајот.

Црната кутија која ги бележи клучните параметри  на летот, била неисправна, а екипажот не ја направил стандардната подготовка за непрецизен пристап.

За разлика од првата истрага, која како причина за несреќата ја наведува грешката на пилотот, оваа комисија после двегодишната истрага ги потврди и системските пропусти, кои индиректно довеле до несреќата.

Во извештајот исто така се нагласува дека Управата за цивилна возушна пловидба на Македонија не била стручна, кадровски и организационо оспособена, баш како ни секторот за авионски превоз и одржување на авионот на Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македониа.

„Воздухопловните власти со своите пропусти доведоа до тоа да опадне нивото на безбедност на целиот систем на цивилното воздухопловство во Република Македонија. Во летот на екипажот имало пропусти во системот на обука за специфични овластувања кои се внесуваат во лиценцата за летање. Не одењето на задолжителни редовни годишни проверки на симулатор, како и чести преини во континенталните летања, се одразиле на безбедноста и непосредно допринеле за несреќата“, пишува во извештајот.

Оваа комисија како индиректна причина за несреќата,  ја наведува и сложената метеоролошка ситуација, но, исто така и несигурните средства за навигација.

Оваа истрага е втора по ред  за несреќата, во која загинаа уште осум лица покрај претседателот Борис Трјковски.

Да се потсетиме дека авионот со претседателот Трајковски, кој патуваше на меѓународната конференција се урна на 26 февруари 2004 година во ридот Матиќ во Ротмиља, на само неколку километри од аеродромот во Мостар.

Целиот извештај прочитајте го овде.

Слично

Поврзани вести