Досие Блер: Од „Пудлица на Буш“ до советник на диктаторот Назарбаев
Харизматичен, артикулиран говорник со неформален стил - ова е најчестиот краток опис на еден од најмаркантните ликови во 21-от век, Тони Блер, кој деновиве беше гостин на мировниот фестивал што го организираше Субрата Рој во Скопје.
Тој денес има 60 години, но ќе остане запаметен како најмладиот премиер на Велика Британија во последните 200 години. На чело на Лабуристичката партија овој дипломоран правник од Оксфорд застана во 1994 година, откако нејзиниот тогашен лидер Џон Смит почина ненадејно од срцев удар.
Само три години подоцна, победи убедливо на парламентарните избори во 1997 и го замени Џон Мејџор како премиер, ставајќи му крај на 18-годишното владеење на Конзервативната Партија. На оваа функција остана цели 10 години, откако победи и на изборите во 2001 и 2005 година, и со тоа стана најдолготрајниот премиер од редовите на Лабуристичката партија и единствената личност што ја довел партијата до три последователни победи на парламентарните избори!
Доаѓањето на Блер на чело на Лабуристичката партија значеше напуштање на многу карактеристички социјал-демократски позиции на партијата и нејзино придвижување кон центарот.
Блер ќе остане запаметен и по еден друг рекорд. Во првите шест години од владеењето, нареди британските војници да учествуваат во пет војни, повеќе од било кој друг премиер во британската историја. Ова ги вклучува интервенциите во Ирак во 1998 и 2003 година; Косово (1999);. Сиера Леоне (2000) и во Авганистан (2001). Во Косовската војна, Блер ќе биде запаметен како еден од поборниците за копнена офанзива против Милошевиќ, која не се реализираше пред се поради противењето на Бил Клинтон.
Како премиер, Блер водеше политика на многу тесни односи со САД, која траеше не само за време на администрацијата на идеолошки блискиот Клинтон, туку и за време на администрацијата на конзервативниот претседател Џорџ Буш Помладиот. По нападите на 11 септември 2001 година политичките настапи на Блер на меѓународен план, најчесто беа поврзани со т.н. "Војна против тероризмот". Безрезервната поддршка што му ја даваше на претседателот на САД Џорџ Буш беше причината поради која доби голем број навредливи и зајадливи прекари - "Пудлицата на Буш", "гувернерот на 51-вата држава", "министерот за надворешни работи на САД", "Tony Bliar "(од англиски liar, лажго) и слично.
Кендал Мајерс, висок аналитичар во Стејт департментот, подоцна ќе изјави дека се чувствувал "малку засрамен" од третманот на Буш на британскиот премиер, бидејќи сите неговите обиди да се влијае врз политиката на САД обично биле игнорирани:
Блер си замина од чело на партијата и владата во 2007., две години по последната изборна победа. Потегот беше предизвикан од опозицијата во самата партија кон неговата внатрешната и надворешната политика и повеќегодишните барања да се повлече.
Веднаш потоа Блер беше именуван за претставник за Блискиот исток на Четворката ( ОН, ЕУ, САД и Русија). Брзо потоа формира неколку хуманитарни здруженија, а во 2008 година и советодавна компанија, која нуди услуги на сите заинтересирани за неговите анализи. Последната, која ќе ги користи е владата на новиот албански премиер Еди Рама. Претходно со компанијата на Блер соработуваа и владите на Бразил, Кувајт, Колумбија, па дури и контроверзниот лидер на Казахстан, Нурсултан Назарбаев, кој важи за диктатор кој не ги почитува основните човекови права на своите граѓани, што наиде на сериозни критики во британската јавност. Се проценува дека од овие ангажмани, компанија на Блер има заработено десетици милиони евра.
Освен влади, тој советува и големи компании, како инвестиционата банка JPMorgan Chase и Zurich Financial Services околу климатските промени, а значителни суми заработува и од држење на говори на разни настани низ светот. Во 2008 беше прогласен за најскапиот говорник, чие 90-минутно обраќање во просек чинело 250.000 долари!
Во 2010 година излегоа и неговите мемоари под наслов „Патувањето“, а Блер најави дека 4,6 милиони фунти од заработката од авторските права ќе ги донира на спортски центар за тешко повредени војници. Тоа беше рекордна поеднична донација, но во медиумите беше дочекана „на нож“. Го опишаа како акт на "очај" за да си поврати дел од рејтингот, "крвави пари" за загубените животи во Ирак и Авганистан војни, акт со"скриени мотиви" или израз на "вина".

„Ние сме партија лево од центарот, која економскиот просперитет и социјалната правда ги гледаме како партнери, а не како спротивности" - рече Блер во 2001 година. Неговата политика, која доведе до значаен економски раст и намалување на невработеноста во Британија, потоа беше копирана од скоро сите социјалистички партии во Европа, кои со години бараа нова идеологија.Надворешна политика
Блер ќе остане запаметен и по еден друг рекорд. Во првите шест години од владеењето, нареди британските војници да учествуваат во пет војни, повеќе од било кој друг премиер во британската историја. Ова ги вклучува интервенциите во Ирак во 1998 и 2003 година; Косово (1999);. Сиера Леоне (2000) и во Авганистан (2001). Во Косовската војна, Блер ќе биде запаметен како еден од поборниците за копнена офанзива против Милошевиќ, која не се реализираше пред се поради противењето на Бил Клинтон.
Како премиер, Блер водеше политика на многу тесни односи со САД, која траеше не само за време на администрацијата на идеолошки блискиот Клинтон, туку и за време на администрацијата на конзервативниот претседател Џорџ Буш Помладиот. По нападите на 11 септември 2001 година политичките настапи на Блер на меѓународен план, најчесто беа поврзани со т.н. "Војна против тероризмот". Безрезервната поддршка што му ја даваше на претседателот на САД Џорџ Буш беше причината поради која доби голем број навредливи и зајадливи прекари - "Пудлицата на Буш", "гувернерот на 51-вата држава", "министерот за надворешни работи на САД", "Tony Bliar "(од англиски liar, лажго) и слично.
Кендал Мајерс, висок аналитичар во Стејт департментот, подоцна ќе изјави дека се чувствувал "малку засрамен" од третманот на Буш на британскиот премиер, бидејќи сите неговите обиди да се влијае врз политиката на САД обично биле игнорирани:
„Тоа беше однапред готов договор, тоа беше еднострана релација која беше склучена со отворени очи ... Немаше ништо за возврат, никаков сенс за реципроцитет“ - изјави Мајерс.Но, ако за Косово и Авганистан, Блер ја имаше поддршката од јавноста, делумно и поради успешните спинови на неговиот прв ПР човек, познатиот Алистер Кембел, за војната во Ирак, доби сериозен отпор. Дури и дел од неговите пратеници не ја поддржаа акцијата за рушење на Садам Хусеин, иако Блер ги убедуваше дека се работи за „чудовиште“. Сепак, тој остана верен на САД, но решителноста Британија да ја вклучи во нападот на Ирак подоцна се испостави како негова најконтраверзна одлука во карирата! Инаку, важно е да се напомене и дека освен со САД, Блер имаше исклучителни врски и со еврејското лоби, за кое се верува дека значително влијаело на неговата надворешна политика. Тој уште од 1994 година има тесни врски со Мајкл Леви, музички магнат и основач на еврејскиот Совет на лидери, кој пред првите избори на кои победи Блер беше задолжен за финансиите на партиската кампања. Беше близок и со неколкумина моќни сопственици на медиуми, меѓу кои и најголемиот Руберт Мардок. Во 2011 година, Блер стана и кум на едно од неговите деца. Заминувањеод функцијата и по неа

Слично