Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дошле на меден месец во Грција и доживеале хорор

Дошле на меден месец во Грција и доживеале хорор

Брачна двојка од Ирска, која дошла на меден месец во Грција, доживеала вистински пекол. Жената е повредена во пожарите што беснеат во земјата, а младоженецот исчезнал и по него се трага.

Зои Холохан и Брајан О’Калаган Вестроп од Даблин се венчале минатиот четврток по што заминале на свадбено патување во Грција. Тие биле сместени близу популарното одморалиште во Мати, на 30-ина километри од грчката престолнина. 

Брачниот пар на возраст од 40 години се обидел да побегне од хотелот во кој бил сместен кога пламените јазици ја зафатиле областа. Но, притоа тие се раздвоиле.

„Беа принудени да побегнат од хотелот директно во пеколот. Скокнаа во автомобилот кој поминуваше покрај нив, но пламен имаше на сите страни“- вели  сведок.

Тој додава дека сликата била хаотична. 

Младата жена има изгореници по главата и на рацете во моментов се лекува во една грчка болница. Но, од нејзиниот сопруг нема ни трага. 

Ирското Министерство за надворешни работи и помага на Зои и на грчките спасувачки тимови да го пронајдат нејзиниот сопруг Брајан. 

Досега во 15 пожари кои избувнаа околу Атина загинаа најмалку 79 лица, а повредени се повеќе од 150 луѓе.

Ваква трагедија досега не се случила во Грција. Земјата се справува со катастрофата за што е побарана и помош од надвор. 

Слично

Поврзани вести