Економија, финансии, бизнис

Контакт

Досие „Азотара“: 12-мина уапсени во Србија поради измама од 5 милиони евра

Досие „Азотара“: 12-мина уапсени во Србија поради измама од 5 милиони евра
12 лица денеска беа уапсени во Србија поради основано сомневање дека се вмешани во измама вредна околу пет милиони евра во хемиската фабрика „Азотара“ во Панчево. Како што посочи директорот на српската полиција Милорад Вељовиќ, тие се осомничени за незаконска продажба на минеарално ѓубриво, со што државниот буџет го оштетиле за 66 милиони динари. За време на злоупотребата оваа сума изнесувала околу пет милиони евра. Уапсен е и трговскиот директор на фабриката во Панчево како и неколку директори на приватни претпријатија во цела Србија. Владејачката коалиција на социјалистите и националистите, која дојде на власт минатата година вети искоренување на организираниот криминал и корупцијата во обидите да добие датум за почеток на преговори за приклучување кон Европската унија.
Слично

Поврзани вести