Економија, финансии, бизнис

Контакт

Досега пријавени над 15.000 пензионери за бесплатен викенд и бања

Досега пријавени над 15.000 пензионери за бесплатен викенд и бања

Во понеделник истекува рокот за пријавување за бесплатен туристички викенд и климатско-бањска рекреација.

„Интересот за користењето на овие услоги е голем. Досега имаат аплицирано 15.260 пензионери“, информираше денеска министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

„Ова е навистина сериозна бројка и голем интерес за искористување на поволностите од овие два проекти коишто ќе започнат со реализација во март-април оваа година“, изјавил Спасов.

Тој ги повика сите корисници на пензија да ја искористат оваа можност до 16 февруари да аплицираат во Фондот на пензиско и инвалидско осигурување, со цел да можеме да ги земеме предвид при правењето на ранг-листите и изборот на оние пензионери коишто ќе имаат можност да ги користат овие бесплатни услуги

Услугите „Бањско климатска рекреација на корисници на пензија за 2015 година” и „Бесплатен туристички викенд за корисници на пензија за 2015 година” може да ја користат лица корисници на старосна, инвалидска и семејна пензија остварена според прописите на Република Македонија и прописите на други држави со коишто Република Македонија има склучено договор за социјално осигурување.

Лицата корисници на пензија кои користат и паричен надоместок за помош и нега од друго лице, додаток за мобилност или слепило имаат право на придружник за време на бањско климатската рекреација и бесплатниот туристички викенд.

Слично

Поврзани вести