ДОСЕГА НЕВИДЕНИ ЗАГУБИ НА КРИПТО ПАЗАРОТ: За 24 часа биткоинот падна за повеќе од 7 отсто!
Околу 147 милијарди долари се избришани од целиот пазар на криптовалути во последните 24 часа
Цените на криптовалутите драстично паднаа во последните 24 часа.
Биткоинот падна за повеќе од 7,0 отсто и се тргуваше за 38,5774 долари во 23:19 часот по источно време, според податоците од платформата CoinDesk.
Етер, втората најголема криптовалута по пазарна капитализација, потона за 8,0 отсто на 2.860 долари, паѓајќи на само 2.809,51 долари во еден момент за време на тргувањето, пренесува CNBC.
Околу 147 милијарди долари се „избришани“ од целиот пазар на криптовалути во последните 24 часа, покажуваат пресметките на порталот Koinmarketkep.
Падот на криптовалутите уследи по падот на цените на акциите на Волстрит во четвртокот. Технолошкиот индекс Nasdaq изгуби речиси 5,0 отсто од својата вредност од почетокот на неделата, а генералниот индекс S&P 500 ја бележи својата трета последователна недела на загуби.
