Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДОСЕГА НАЈПОВОЛНО НОЌЕВАЊЕ ВО ДАЛМАЦИЈА: 10 евра за првиот ред до морето

ДОСЕГА НАЈПОВОЛНО НОЌЕВАЊЕ ВО ДАЛМАЦИЈА: 10 евра за првиот ред до морето

Tрадиционалните јунски гости кои масовно ја посетуваа Хрватска во приватните сместувања како Чесите, Словаците, Полјаците и граѓаните на БиХ, оваа година се помалкубројни па во паника од празните апартмани овие денови сопствениците и најдобрите кревети во првиот ред на морето ги нудат за 10 евра.

Наведените цени се значајно повисоки, но конечни се оние на лице место кои знаат да бидат и преполовени, пренесува Слободна Далмација во туристичките места.

Така деновиве четири креветен апартман во Сукошан се нуди за 30 евра, во Биоград за 35 евра, во Златон за само 27 евра. Во Паг соба до крајот на јуни во апартман била 12 евра, а во Водици четири лица може да летуваат во апартмани до почетокот на јули за 30 евра.

Но, ни во Сплит не се полни сите постели, па апартман за четворица се изнајмува овие денови за 50 евра, а во Макарска на море за 40 евра, во Каштели кревет во апартман шест до осум евра, колку и во некои празни апартмани на Пељешц.

Останува хрватските угостители да веруваат како јули ќе донесе подобра пополнетост на приватното сместување со самиот факт дека во хотелите одман веќе нема слободни соби за главниот дел од сезоната, па „вишокот“ туристи ќе ги претекнат земјопоседници.

Слично

Поврзани вести