Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дополнително зголемување на цената на струја за домаќинства што трошат над 1 мегават час

Дополнително зголемување на цената на струја за домаќинства што трошат над 1 мегават час

Домаќинствата кои трошат над еден мегаватчас електрична енергија месечно да плаќаат прогресивно поголеми сметки за струја од јуни, размислува Владата.

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска пред медиумите рече дека е почната изработка на нови модели со блок-тарифи за одредување на цената за електрична енергија.

- Тоа ќе биде за поттикнување на граѓаните да заштедат електрична енергија, а ќе има и опција на ранливите категории на граѓани да им се намали цената. Според бројките што ги имаме, има голем број на домаќинства што трошат многу електрична енергија и тие се најверојатно богати семејства. За нив дополнително ќе се зголеми цената, рече Бектеши.

Оваа измена би следувала по јуни, бидејќи за регулираната цена на електрична енергија одлуките се носат два пати годишно.

Слично

Поврзани вести