ДОПАТУВАЛЕ ОД СТРАНСТВО: Во Албанија за двајца луѓе се сомневаат дека се заразени со делта сој
Два сомнителни случаи има во Албанија и ќе се утврди дали се работи за делта сој.
Во регионот на јужниот град Ѓирокастро се регистрани првите два случаи сомнителни дека се заразени со делта сојот. Извори за телевизијата Ора њуз информираат дека едниот е студент од село во близина на градот, кој дошол од странство и покажал симптоми слични на индискиот сој.
„Вториот случај е лице на 45-годишна возраст од Пермет, кое исто така пристигнало од странство. И двајцата се лекуваат во домашни услови и засега нивната здравствена состојба е стабилна“, пренесува телевизијата.
Во Европа, лоша е состојбата во Италија, Шпанија, Португалија.
foto freepik
Слично
