Дониравте за Балканот, сега на ред се македонските поплавени подрачја!
Во тек е хуманитарна акција за помош и поддршка на поплавените подрачја во Македонија во координација на Црвениот крст на Македонија и надлежните институции.
До денеска се собрани 620.000 денари, донирани се вода за пиење, средства за дезинфекција и за хигиена, ќебиња, душеци... За потребите на акцијата отворена е и девизна сметка на барање на македонски граѓани кои живеат во странство.
Министерот Диме Спасов за досегашниот одзив на хуманите граѓани и компании е задоволен.
За сите кои сте хумани и сакате да помогнете тоа може да го направите преку отворените телефонски броеви коишто се ставени на располагање на ONE, T-mobile, и VIP и тоа: 075 143 400, 070 143400, 077 143400. Повик чини 100 денари +ДДВ.
Владата потенцираше дека ќе се откаже од ДДВ-то на средствата за донации на отворените телефонски броеви и оти и тие заедно со другите ќе бидат наменети за санација на последиците од поплавите и создавање можности за враќање на лицата кои ги напуштале домовите.
Апел до сите граѓани, приватни компании, Македонците од дијаспората и луѓе надвор од државата да се приклучат кон хуманитарната акција.
Центрите за социјални работи во соработка со општините се на терен и прват увид во самите домаќинства коишто се погодени и додаде дека на овие семејства ќе им биде дадена и еднократна помош, а за истите ќе бидат одделени и голем број средства собрании од телефонските донации.
Како што посочи генералниот секретар на Црвениот крст на Македонија Саит Саити волонтерите со донациите ќе им се помогне на околу 650 загрозени семејства, од кои на околу 300 семејства помошта им е веќе доставена.
