Донирајте и бесплатно влезете на кошаркарскиот натпревар Македонија- Израел
Хуманитарната кампања „Шанса за живот“, иницирана од компанијата ОКТА, со поддршка од Македонската Кошаркарска Федерација, нуди шанса преку хуманитарна донација да добиете бесплатен блез за натпреварот Македонија – Израел.
Минималната донација е 100 денари, а парите се наменети за опремување на Одделението за интензивна нега од Клиниката за детски болести од Скопје.
Секој што ќе донира ќе добие алка со слоган ,,Шанса за живот” и ќе може бесплатно да влезе на пријателскиот кошаркарски натпревар Македонија – Израел што ќе се одигра на 11 ти август во Спортски центар Јане Сандански.
Алкатa може да се набави на штандовите поставени пред Спортскиот центар Јане Сандански, неколку часови пред натпреварот, или пак, сè до вторник, на бензиските пумпи на ОКТА ширум државата.
Целта на оваа кампања е да се подобрат условите за работа во Одделението за интензивна нега каде што секојдневно се сместуваат предвремено родени и родени со компликации новороденчиња од Македонија, како и да се намали бројот на смртност меѓу нив. Со собраните средства ќе се набави нова апаратура и ќе се изврши и сервисирање на постоечката.
