Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДОНИРА 40 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ: Бил Гејтс ќе помогне во борба со коронавирусот

ДОНИРА 40 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ: Бил Гејтс ќе помогне во борба со коронавирусот

Скоро 40 милијарди долари за борба со Ковид 19 ќе донира милијардер и филантроп, Бил Гејтс. 

Тој за „Фајненшл тајмс“ рече дека очекува неговата фондација скоро целосно да се посвети на пандемијата во блиска иднина.

„Досега, ние дониравме 250 милиони долари и покажавме заложба за зајакнување на нашиот стратешки инвестициски фонд за борба против пандемијата, и се повеќе ја канализираме стручноста на нашиот персонал и силата на нашите партнерства кон итните напори потребни за ставање крај на оваа пандемија“, се вели во соопштението.

Фондацијата Бил и Мелинде Гејтс, исто така, соработува со Светската здравствена организација (СЗО) и други здравствени организации ширум светот.

Гејтс вели дека последиците од пандемијата ќе ги почувствуваме во следните години. 

Во 2015 година, тој предупреди дека светот не е подготвен за светска пандемија.

Слично

Поврзани вести