Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДОНЕСЕНА Е КОНЕЧНА ОДЛУКА: Од 1 јануари повеќе пари за босанските работници

ДОНЕСЕНА Е КОНЕЧНА ОДЛУКА: Од 1 јануари повеќе пари за босанските работници

Минималната плата во Босна и Херцеговина(БиХ) се зголеми од 310 на 511 евра, но за синдикатите тоа е привремено решение. 

Минималната месечна плата за 2025 година во Федерацијата Босна и Херцеговина ќе изнесува 511 евра (1000 марки), и тоа претставува зголемување од 60 отсто во однос на минималната плата што работниците ја добиваа досега.

Оваа одлука, која стапува на сила на 1 јануари 2025 година, денеска ја усвои Владата на Федерацијата Босна и Херцеговина. Зголемувањето на минималната плата е одговор на зголемените трошоци за живот и барањата на синдикатите за повеќе работнички права. 

Од Владата посочуваат дека целта на оваа мерка е да се подобри животниот стандард на најранливите групи работници и да се обезбеди нивното достоинство на пазарот на трудот. Македонија заостанува со платите во однос на државите во регионот. Во март се очекува покачување на македонскиот минималец. 

Слично

Поврзани вести