Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДОНЕ ТАНЕВСКИ СЕ СВЕДЕ НА САМО 10 ОТСТО ОД АКЦИИТЕ НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“, НЕГОВАТА ЌЕРКА МАРИЈА СЕГА НЕМА АКЦИИ - еве кои се најновите сопственички промени во компанијата

ДОНЕ ТАНЕВСКИ СЕ СВЕДЕ НА САМО 10 ОТСТО ОД АКЦИИТЕ НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“, НЕГОВАТА ЌЕРКА МАРИЈА СЕГА НЕМА АКЦИИ - еве кои се најновите сопственички промени во компанијата

После серијата блок трансакции кои оваа недела се случија со акциите на „Македонијатурист“, компанијата објави кои се промените во сопственоста кои таму се случиле, и кои акционери сега се најдоминантни, а кои или го намалиле својот акционерски капитал, или целосно излегле од акционерската структура на компанијата.

Па така, како што објкави компанијата, Скопски пазар,кое е номинирано како акционерско друштво за услуги во прометот и трговијата увоз-извоз, купиле дополнителни 7.936 акција и сега поседува 86.166 акции односно 19,05 отсто од вкупниот број обични акции издадени од Македонијатурист. Со ова Скопски пазар и официјално е најголемиот акционер во компанијата.

Покрај Скопски пазар, од компанијата наведуваат и дека акционерот Друштво за трговија, производство и услуги Промедика дооел Скопје купиле дополнителни 10.832 акции и сега компанијата поседува 50.104 акции односно 11,08 отсто од вкупниот број обични акции издадени од Македонијатурист АД.

Исто така, од Македонијатурист информираат дека акционерот Симеон Павлов купил дополнителни 10.313 акции и сега поседува 47.366 акции односно 10,47 отсто од вкупниот број обични акции издадени од Македонијатурист АД, како и дека Друштво за внатрешен и надворешен промет Чезакомерц Симеон Роберто и Виктор доо Скопје поседува 28.102 акции односно 6,21 проценти од вкупниот број обични акции издадени од компанијата.

Натаму, како што се наведува, Доне Таневски, Претседател на Надзорен Одбор на Македонијатурист АД Скопје, продаде 31.796 обични акции издадени од Македонијатурист АД Скопје и сега поседува 48.364 обични акции, односно 10,69 проценти. Претходно тој беше доминантен акционер и поседуваше 23,4 отсто од капиталот на оваа престижна угостителско-хотелиерска компанија.

Неговата ќерка, пак, Мирјана Таневска - Ефремова, Претседател на Управен Одбор на Македонијатурист АД Скопје, продала уште 736 обични акции, и сега, како што нагласуваат оттаму, веќе не поседува акции во друштвото.

Исто така, Владо Богдановски, член на Надзорен Одбор на Македонијатурист АД Скопје, продал 1.200 обични акции, и сега и тој, исто така не поседува акции. А, акции сега не поседува ниту Илија Тренески, член на Управен Одбор на Македонијатурист АД Скопје, кој ги продал своите 165 обични акции издадени од Македонијатурист.

Колку во моментов поседуваат другите акционери над 5 отсто ќе се види во понеделник, кога Централниот депозитар за хартии од вредност ќе ја ревидира акционерската структура во компаниите.

Н.Н.Ф.

Слично

Поврзани вести