Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДОНЕ ТАНЕВСКИ Е КУПУВАЧОТ НА АКЦИИТЕ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“- Сега располага со 21.5 отсто од хотелиерската компанија

ДОНЕ ТАНЕВСКИ Е КУПУВАЧОТ НА АКЦИИТЕ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“- Сега располага со 21.5 отсто од хотелиерската компанија

Доне Таневски, поранешниот долгогодишен директор и сегашен претседател на Надзорниот одбор на „Македонијатурист“ е купувачот на двата пакети акции кои во текот на минатата недела поминаа преку блок трансакции на Македонската берза, а за тоа компанијата тукушто ја извести инвеститорската јавност. 

Поточно, Таневски кој досега располагаше со 19.59 отсто од капиталот на „Македонијатурист“ со новокупените акции го засилил својот капитал во ова АД на 21,50 отсто. 

„Известуваме дека Доне Таневски, Претседател на Надзорен Одбор на Македонијатурист АД Скопје, се стекна со 8.667 обични акции издадени од Македонијатурист АД Скопје и сега поседува 97.249 обични акции, односно 21,50 отсто“, стои во објавата на Македонска берза. 

Инаку, Фактор веќе пишуваше за овие две трансакции, кога минатата недела Берзата објави два блока со акции на „Македонијатурист“. Едната од нив беше на сума од 716 илјади евра, а втората на износ од рамно на 150 илјади евра.

Со оглед на фактот што ова акционерско друштво има издадено вкупно 452.247 акции, поминатиот прв блок од 7.167 акциои претставува 1,58 отсто од вкупниот акционерски пакет на хотелиерската компанија. Додека, пак, вториот блок е многу помал акционерски процент.

Во согласност со овие проценти, излегува дека токму тие се овие акционерски пакети, за коишто компанијата преку берзата објави дека ги купил Таневски. 

Инаку, компанијата денеска објави дека почнува со поделба на дивиденда. 

Н.Н.Ф. 

Слично

Поврзани вести