Донација од Жито Лукс за социјално загрозените граѓани
По повод новогодишните и божиќните празници, компанијата Жито Лукс ја реализираше својата прва донација оваа година, која ја намени во јавната кујна во Велес.
„Помошта за социјално загрозените лица е дел од нашата компаниска, но и индивидуална определба како вработени на Жито Лукс. Секојдневно следиме што се случува во нашата околина и помагаме онаму кај што е потребно, со што се надеваме дека барем малку ги оттргаме од нивните секојдневни грижи. На повеќе наврати со и без повод, Жито Лукс дава помош за сите лица кои се во неповолна социјална состојба“, изјавија од Жито Лукс АД Скопје.
Донацијата е дел од кампањата „Храна подарена од срце“, која компанијата ја започна минатата година.
Слично
