ДОНАТОРСКА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ЕК: Германија вети стотици милиони, се собираат пари за вакцината против Ковид-19
Во 15 часот ќе почне виртуелната донаторска конференција на Европската Комисија на која ќе се собираат пари за што побрз развој на вакцината против новиот корона вирус. Според претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, која ќе биде домаќин на конференцијата, се очекува да бидат собрани околу 7,5 милијарди евра, а парите се наменети за меѓународните здравствени организации кои прават напори за развој на вакцината.
Дополнително, на собраните пари ќе биде додадена и сума собрана од цел свет, за да може вакцината да стане што побрзо достапна за масовна употреба. На денешната донаторска конференција ќе учествуваат европските челници. Германската Канцеларка, Ангела Меркел, во текот на изминатиот ден најави дека Германија ќе донира повеќе стотини милиони евра.
Исто така на виртуелниот состанок ќе присуствуваат и францускиот
претсдетал Емануел Макрон, како и генералниот секретар на ОН Антониот Гутереш.
