Доналд Трамп укинува данок што го чинел милиони долари
Американскиот претседател Доналд Трамп има намера да укине данок кој досега го чинел триесетина милиони долари од неговото богатство. Меѓу приоритетите на неговата предвидена даночна реформа е укинување на просечниот минимален данок кој е воведен уште во 60-тите години, а е насечен кон ултра богатите со цел да се гарантира дека ако ги искористат сите даночни олеснувања во нивните моќни компании дека сепак, ќе платат личен данок.
Трамп тврди дека неговата даночна реформа ќе биде историска за САД затоа што ќе го поедностави целиот систем и ќе овозможи отворање на нови работни места, инвестиции и развој на економијата.
За просечниот минимален данок денес има критики бидејќи е надвор од модерните начини на евазија на данок и веќе не ги исполнува своите функции на таргетирање на супер богати личности како некогаш.
Други пак, го критикуваат дека овие реформи бенефит ќе му донесат лично нему како и на другите милијардери и моќни компании.
