Доналд Трамп ќе гради хотел во Србија
Соработниците на Доналд Трамп наскоро ќе дојдат во Србија за да видат локации за евентуална изградба на ексклузивен хотел во рамки на ланецот хотели „Трамп“, изјави српскиот премиер Ивица Дачиќ, по разговорот со Доналд Трамп во Њујорк, пренесуваат српските медиуми.
„Тоа за Србија е многу значајно, бидејќи доаѓањето на Трамп и неговите инвестиции би било повик и за другите сериозни инвеститори“ - рекол Дачиќ.
Трамп го прашал и за областа енергетика, но засега, како што информира српскиот премиер, ќе почнат разговори само за хотел и тоа во декември, или најдоцна во јануари.
Слично
