Доналд Трамп ги обвинува Мексико и Кина дека крадат милиони работни места
Кандидатот за претседател на САД, Доналд Трамп ги обвинува Мексико и Кина дека крадат милиони работни места од САД.
Но, индустриското производство се уште цвета во Америка. Проблемот е дека на фабриките не им требаат толку многу луѓе како претходно, бидејќи сега машини вршат голем дел од работата.
Америка изгубила над 7 милиони фабрички работни места, откако во 1979 година вработеноста во производството го достигна својот врв. Но, ова ги прави американските производители број два во светот по кинеските, пишува Пол Уајзман од AFP, цитиран од агенциите.
Американското текстилни производство, на пример, е намалено за 46% од 2000 година. За тоа време текстилната индустрија загубила 366 000 или 62% од вработеноста во САД.
Негативни трендови има откако Кина се приклучи на Светската трговска организација и доби полесен пристап до пазарот на САД.
Истражувањата сепак покажуваат дека автоматизацијата на американските фабрики е многу поголем фактор од надворешната трговија во загубата на работни места.
Огромно мнозинство од загубените позиции - 88% - се одземени од роботи и други внатрешни фактори кои ја намалуваат потребата на фабриките од човечки труд.
