Домино ефект!
Ако Грција ја напушти еврозоната, ќе се добие домино ефект, кој ќе ja повлече Шпанија и Италија, па дури и Германија.
Тоа, го изјавил за германскиот весник „Билд“ грчкиот министер за одбрана Панос Каменос.
„Ако Грција експлодира, следните ќе се Шпанија и Италија, а потоа, во одреден момент и Германија. Затоа треба да се најде некакво решение во рамки на еврозоната, но тоа не треба да се сведува на тоа Грците да се обврзани да плаќаат. Луѓето ништо не добија од плановите за помош, се отиде целосно во банките“, изјавил Каменос во интервјуто.
Пред два дена грчкиот министер за правда Никос Параскевопулос изјавил дека е подготвен да приложи пресуда која им овозможува на властите во Атина за поминување врз германскиот имот, за да ги компензираат жртвите на нацизмот во мало грчко село, потсети „Ројтерс“.
