Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДОМАШНИТЕ БАНКИ САМОИНИЦИЈАТИВНО ЌЕ ШТЕДАТ СТРУЈА: Ги гасат светлечките реклами

ДОМАШНИТЕ БАНКИ САМОИНИЦИЈАТИВНО ЌЕ ШТЕДАТ СТРУЈА: Ги гасат светлечките реклами

Домашните банки, членки на Македонската банкарска асоцијација (МБА) ќе ги изгаснат сите светлечки реклами во период од 30 дена, а откако вчера Владата прогласи кризна состојба во енергетскиот сектор. Од МБА соопштуваат дека сите банки едногласно ја поддржале иницијативата и затоа сите експозитури и централни објекти на членките ќе ги изгаснат светлечките реклами во период од 30 дена.

„Со овој чекор, Банките и штедилниците придонесуваат кон заштеда на електрична енергија и даваат пример за здружено општествено одговорно однесување кое дополнително се пренесува и до сите вработени кај членките, со препорака за рационално користење на електричната енергија не само во работните простории туку и во домовите, стои во соопштението.

Додаваат дека со колективни едукативни акции од овој вид може долгорочно позитивно да се влијае врз предизвиците со кои се соочуваме глобално како што се заштитата на животната средина и намалување на ефектите од климатските промени.


Слично

Поврзани вести