Економија, финансии, бизнис

Контакт

Домашниот притвор за членовите на Левица продолжен

Домашниот притвор за членовите на Левица продолжен

Нови 30 дена домашен притвор одреди Судот за членовите на партијата Левица.

Здравко Савевски и Владимир Куновски пред судија ќе се појават во вторник на 31 мај а дотогаш остануваат дома.

Досега судењето на двајцата сопартијци беше одложувано неколкупати поради вештачењето, а и Савевски и Куновски се товарат дека за време на протестот на 13 април, учествувале во демолирањето на канцеларијата на Иванов.

Од партијата Левица велат дека надлежните случајот го пролонгираат намерно со цел притворот да им биде продолжен на нивните членови.

Со ваквата одлука уште еднаш се покажува дека правосудните органи се само маша, со која режимот ги извршува валканите работи. Не можејќи да ги исплашат нашите членови и со тоа да ги одвратат од протестирање, тие се решаваат на вакви очајни чекори, велат од Левица.

„Паралелно со оваа одлука, во тек е и хајка на полициските служби кон протестирачите. Неколку наши членови беа запрени вчера на патот кон дома по протестот и беа легитимирани. Пред некој ден, две девојки беа следени од лица во цивилна облека на нивниот пат до дома по протестот, при што на груб начин, во тесен и темен премин, им било побарано да се легитимираат. Овие примери се само дел од многуте вакви кои се случуваат деновиве“, дополнуваат во соопштението.

Додаваат: „Нема дилема дека ова е дел од стратегијата на режимот, преку сеење страв, да проба да ги сузбие протестите. Но, нема да им успее, како што не им успеваше ни до сега, дополнувајќи дека ваквите мерки ги прават посилни и го креваат револтот, што ќе резултира со уште помасовни протести.

Слично

Поврзани вести