Домашниот буџет најголем странски инвеститор
Во првиот квартал од годинава падот на странските инвестиции е незначителен во однос на истиот период од минатата година. Но, ако се анализираат последните шест години, се забележува дека овие три месеци од годинава, странските директни инвестиции се на најнискко ниво од 2011 година па досега. Најдобри резултати, во прв квартал има остварено во 2011 и 2014 година, додека најлошиот квартал е во оваа година. Новите странски инвеститори се воздржуваат од вложувањата во земјава поради политичката неизвеснот.
Странски директни инвестиции во прв квартал во последните шест години
- Прв квартал 2016 58,7 милиони евра
- Прв квартал 2015 64,0 милиони евра
- Прв квартал 2014 94,5 милиони евра
- Прв квартал 2013 83, 2 милиони евра
- Прв квартал 2012 82,4 милиони евра
- Прв квартал 2011 197,9 милиони евра
Слично
