Економија, финансии, бизнис

Контакт

Домашни фирми бараат исти услови како странските за субвенционирани вработувања

Домашни фирми бараат исти услови како странските за субвенционирани вработувања

Странските компании се нелојална конкуренција за домашните фирми, порачуваат од Здружението на текстилната индустрија.

Оттаму укажувајќи на нееднаквиот третман на државата кон нив бараат државата да им обезбеди еднаков третман како што имаат странските компании во поглед на субвенциите за вработување од проектот „Mакедонија вработува 2“.

Од здружението денеска се пожалија дека странските работодавци за поголема плата од илјада денари ги преземаат веќе обучените работници од домашните текстилни фабрики без да вложат денар во нивната обука и понатамошно остручување.

Текстилната индустрија во земјава веќе со години наназад зема и најмали плати а бројот на вработени во текстилната индустрија се движи меѓу 35 и 36 илјади 

Нивната просечна плата се движи до 13.00 денари. 

Според претседателот на Здружението  на текстилната индустрија платите во овој сектор ќе се зголемат со поголеми инвестиции во автоматизација на производството, што би ја зголемило продуктивноста, но би требало да го поддржи државата преку поволни кредитни линии и користење гарантни фондови.

Слично

Поврзани вести