Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Домашна визита“ ќе ги посетува и лицата од социјално ранливи групи

„Домашна визита“ ќе ги посетува и лицата од социјално ранливи групи
Со заеднички проект на Министерството за труд и социјална политика и Министерството за здравство, концептот „Домашна визита“ се проширува и на лицата од социјално ранливите категории - во иднина и тие ќе добиваат здравствена заштита во домашни услови. „Посебна обврска имаме кон лицата кои не се во можност да се грижат сами за себе, лицата со инвалидност, лицата кои се во потешка здравствена состојба, болните и изнемоштените како и граѓаните кои се наоѓаат во социјален ризик“, вели министерот за труд и социјала Диме Спасов. Во првата фаза од проектот ќе бидат опфатени лица на возраст над 50 години корисници на правата од социјалната заштита како правото на надоместок за грижа од друго лице ( туѓа нега), надоместок за глувост, надоместок за слепило, мобилност и постојана парична помош, односно лица кои се во потешка здравствена состојба, работно неспособни, болни изнемоштени, лица со инвалидност, лица кои имаат потешкоти во движењето. Подоцна, проектот треба да биде проширен и на другите возрасни групи од овие категории граѓани. Во домашни услови, стручните медицински тимови во соработка со Центрите за социјална работа, ќе им овозможат здравствена нега и пружање на основните здравствени услуги како и стручна помош.
Слично

Поврзани вести