Домашна рецепта: Како да направите сами кафеав шеќер?
Ако се потрудите може да направите сами дома кафеав шеќер, и никогаш повеќе нема да помислите да купите.
Но на повеќето од нас ни се случило да пробаме нов рецепт за колач, но во последен момент да откриеме дека ни недостасува кафеав шеќер.
Иако можеме да ставиме бел шеќер во замена, вистината е дека кафеавиот шеќер дава особена мекост и уникатен вкус. Но не грижете се, бидејќи во иднина ќе можете и сами да направите дома кафеав шеќер.
Дали некогаш сте размислувале што претставува всушност кафеавиот шеќер?
Веројатно не, бидејќи секогаш тој е тука, на полиците во супермаркетите, а вие го купувате без особено размислување. Но ако се потрудите сами да си направите дома, повеќе нема да се сетите на скапи опции кои досега сте ги купувале.
Освен дека е околу 7-10% повеќе нискокалоричен од белиот рафиниран шеќер, кафеавиот шеќер ги содржи следниве хранливи минерали за организмот (за 100 g кафеав шеќер):
Фосфор - 3.9 мг Калциум - 85.0 мг Магнезиум - 23 mg на Калиум - 100 мг Железо - 1,3 мг Натриум - 97 мг
За да направите сами кафеав шеќер, сè што ви е потребно се чаша шеќер и лажица меласа.
Меласа всушност е густа и слатка смеса, која се добива од шеќерна трска и која е нус-производ при производството на бел шеќер. Меласата може да ја најдете во повеќето продавници за здрава храна.
Шеќерот и меласата се мешаат со помош на електричен миксер додека шеќерот добие целосно кафеава боја.
Кафеавиот шеќер најдобро чувајте во тегла и на суво место.
