Економија, финансии, бизнис

Контакт

Домашна фирма плати 373.000 евра за 0,5 отсто од „Комерцијална банка“

Домашна фирма плати 373.000 евра за 0,5 отсто од „Комерцијална банка“
Извесно е дека купувач не е домашен институционален инвеститор т.е. инвестициски или пензиски фонд, а дека продавач е странска фирма која и понатаму има акции во „Комерцијална банка“, наведуваат на заклучок официјалните податоци на ЦДХВ Домашна фирма плати 373.000 евра за 0,5 отсто од акциите со право на глас во „Комерцијална банка“, потврдија најновите податоци од базата на Централниот депозитар за хартии од вредност. Продавач на овие над 11.000 акции со право на глас е странско правно лице – акционер во „Комерцијална банка“ Според достапните податоци од базата на ЦДХВ може да се види дека на 10 декември во структурата на сопственост врз акциите на банката имало 325 домашни правни лица кои поседувале 21,68 отсто од акциите со право на глас односно 494.018 акции. Во истото време 41 странско правно лице поседувало 41,6 отсто односно 947.982 акции во „Комерцијална банка“. Со состојбата на 22 декември евидентно е дека капиталот на домашните правни лица во банката се зголеми за 0,5 отсто што е речиси идентично со уделот на акциите што беа истргувани на 10 декември за 373.000 евра, односно по просечна цена од 2.089 денари за акција. Паралелно со ова има идентичен пад и на вредноста на уделот на сите странски правни лица кои поседуваат акции во „Комерцијална банка“ и тоа за 0,5 отсто. При ова важно е да се истакне дека бројот на домашни фирми во структурата на капитал во „Комерцијална банка“ се зголемил за една фирма во однос на состојбата на 10 декември и сега изнесува 326 фирми. Но при тоа бројот на странски фирми кои имаат акции во оваа банка останал ист односно 41 правно лице. Тоа води на заклучок дека продавач на акциите е странско правно лице кое и понатаму поседува акции во банката и дека при трансакцијата со домашната фирма продало само дел од својот стек во „Комерцијална банка“. На другата страна пак тоа што бројот на домашни фирми акционери во таа банка се зголеми за еден укажува на заклучок дека купувач не е ниту еден од домашните приватни пензиски фондови ниту пак институционален инвеститор односно некој од приватните инвестициски фондови. Претставници на инвеститорската заедница и на оваа индустрија оценуваат дека повлекувањето на дел од стекот на странскиот инвеститор е заради летаргичноста на нашиот пазар односно тоа што нема можност за чести краткотрајни промени на позициите. Според најновите податоци од ЦДХВ во структурата на „Комерцијална банка“ има 5.076 акционери од кои домашните физички и правни лица поседуваат заедно 55 отсто од акциите, а странците поседуваат 45 отсто од капиталот. Поединечно најголеми акционери се шведскиот инвестициски фонд „Ист капитал експлорер инвестментс“ што поседува 10 отсто од акциите и Европската банка за обнова и развој со 5 отсто од акциите. Р.Ф.
Слично

Поврзани вести