Домашен притвор добија двајца од демонстрантите уапсени во средата
Двајца демонстранти кои учествуваа во протестите завчера добија домашен притвор и против нив се поднесени кривични пријави за учество во толпа што ќе изврши кривично дело.
Против останатите 11 демонстранти кои беа приведени поведена е прекршочна постапка. На протестите во средата беше демолирана канцеларијата на претседателот Ѓорѓе Иванов, искршени беа стаклата од прозорците и инвентарот, а оштетена беше и зградата на Министерството за правда.
Синоќа на протестите беа повредени најмалку пет полицајци, а еден демонстрант е приведен.
Се протестираше три дена по ред, а и вечерва ќе има протести во Скопје.
Слично
