ДОМАШЕН ИНВЕСТИТОР: Во ТИРЗ Илинден отворена фабрика за кроасани
„Гранд фуд корпорејшн“ фабриката за кроасани официјално денеска почна со работа.
Оваа инвестиција е домашна и според надлежните е вредна 6,5 милиони евра и планира вработување на 90 лица.
На отворањето на фабриката присуствуваа сопствениците на компанијата, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и градоначалникот на Општина Илинден Жика Стојановски.
Оваа компанија веќе има вработено 110 луѓе во дистрибутивните центри.
Според министерот Ставрески овие инвестиции се основата на една економија и поволни се за бизнисот во сите европски држави.
Ставрески уште еднаш ги наведе поволната бизни клима во земјава напоменувајќи дека Владата работи за пониски даноци и олеснителни услови за домашните инвеститори.
За градоначалникот на општина Илинден ова е најголемата инвестиција која ќе придонесе за нови работни места.
„Почетоците на оваа успешна семејна приказна почнуваат пред 25 години и задоволство ни е што нашата визија стана реалност“, истакна пак сопственикот на компанијата.
„Го проширивме нашето деловно работење со изградба на сопствен производствен капацитет за кроасани. Со новата инвестиција обезбедивме нови работни места, обезбедивме младите луѓе и нивните семјества да им дадеме шанса да работат и да напредуваат во една мотивирана и економски просперитетна средина, рече Јордановски.
(ФОТО:МРТ)
