Економија, финансии, бизнис

Контакт

Домаќинствата засега незаинтересирани за излез на пазарот на струја, а нема ниту понуда

Домаќинствата засега незаинтересирани за излез на пазарот на струја, а нема ниту понуда

Една од законските измени кои стапуваат во сила од 1 јануари годинава е и можноста на домаќинствата и малите претпријатија да излезат на слободниот пазар на електрична енергија, но засега нема заинтересирани затоа што никој не доставил понуда до нив, објави 24 Вести.

Од осумте активни трговци ниту еден не понуди пакет за да ги привлече граѓаните, а од Регулаторната комисија велат дека ова е очекувано затоа што струјата на слободниот пазар е многу поскапа од онаа што во моментов ја трошат.

Малите потрошувачи кои користат индустриска струја се повлекуваат од слободниот пазар и се враќаат кај јавниот регулиран снабдувач затоа што во моментов на меѓународните берзи струјата е поскапа.



Слично

Поврзани вести