Економија, финансии, бизнис

Контакт

Домаќинствата пред одлука: Од кого да купуваат струја?

Домаќинствата пред одлука: Од кого да купуваат струја?
Најдоцна до 15 ноември сите домаќинства треба да изберат од која компанија ќе набавуваат струја. Почнува последната фаза од либерализацијата на пазарот на електрична енергија, која од 1 јануари ќе опфати околу 700.000 домаќинства и мали фирми - корисници на струја. Во игра влегуваат девет компании, кои ќе се обидат да ги привлечат граѓаните со пакети и поволности. Префрлање од еден кај друг оператор ќе биде дозволено еднаш годишно. Оние што нема да изберат снабдувач, ќе останат во мрежата на ЕВН, но ќе мора да склучат нови договори. По 1 јануари цената на струјата нема да ја контролира регулатор, односно таа слободно ќе се формира на пазарот. Очекувањата се дека либерализацијата може да донесе и нешто повисоки цени за крајните потрошувачи. Но, затоа построго ќе се контролира квалитетот на струјата. Доколку квалитетот на испорачаната енергија е понизок од стандардниот, потрошувачот ќе има право од фирмата-снабдувач да бара надомест за штета настаната на неговата електрична инсталација или на апаратите.
Слично

Поврзани вести