Економија, финансии, бизнис

Контакт

Домаќинствата ја намалиле потрошувачката на струја

Домаќинствата ја намалиле потрошувачката на струја

Марко Бислимовски, претседателот на Регулаторната комсија за енергетика, на денешната прес-конференција како одговор на новинарско прашање рече дека структурата на четирите тарифни блока за потрошувачка на електричната енергија нема да се менува од 1 јануари затоа што истата дала резултати.

Првиот човек на регулаторното тело наведе дека од 1 јули, откако е воведен новиот тарифен модел, потрошувачката на електрична енергија кај домаќинствата е намалена за 16 отсто.

- Резултатите кои што ги имаме од јули до октомври се добри, имаат преку 16 проценти намалување на потрошувачката . Сепак тоа се месеци на кои немаше потреба од вклучување на климатизери, бидејќи беше поладно. Не се најреферентни месеци. Ќе видиме како вистинската цена на блоковите ќе влијае на потрошувачката, некаде од ноември па до февруари, рече Бислимовски.


Слично

Поврзани вести