Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДОМ со 5 закони ќе стави крај на урбаниот хаос, но нема кој да ги изгласa

ДОМ со 5 закони ќе стави крај на урбаниот хаос, но нема кој да ги изгласa
ДОМ повторно даде 5 предлог закони со кои треба да се промени регулацијата во урабизмот, градежништвото и животната средина со оглед на се поголемите проблеми од неконтролираната градба, сечата на дрва и уништувањето на зеленилото. Треба да се промени концептот во урбанизмот и градежништвото, за нормален живот на граѓаните, за задоволување на потребите за хумано, здраво и квалитетно живеење. - За жал, ни овие закони, изработени според примерот на повеќе европски земји, не поминаа во Собранието. Овој пакет закони во урбанизмот што ги предлага ДОМ, се дел од нашата програма и наше барање за идната влада, која и да биде, за да ги донесе во првите 100 дена од своето владеење. Само така, ќе може да се покаже искрена воља за демократски промени и во оваа сфера, која е клучна за квалитетот на живот на граѓаните - истакнува Маја Морачанин од ДОМ. ДОМ смета дека актуелната регулатива дозволува целосен хаос во урбанизмот и се почесто на површина излегуваат суштински проблеми кои го нарушуваат квалитетниот живот на граѓаните.
Слично

Поврзани вести