ДОМ: Избирачкиот список е хаос, вака држава не се гради
Од партијата ДОМ велат дека избирачкиот список е хаос, а партиите глумат дека не знаат математика.
Тврдат дека прават проѕирна манипулација со објавените бројки, и така спорните гласачи од 300.000 се сведоа на само 110.000 спорни гласачи ќе се проверуваат теренски.
„А подолу некаде, во новинарските текстови, стои дека дополнително, првин административно, а потоа и теренски, ќе се провереле уште 62.837 гласачи, дека има 35.859 починати гласачи, а за 7.345 уште не знаат кои се. Со просто собирање, само овој збир изнесува 216.481 гласач. Особено интересно е инсистирањето на дел од ДИК воопшто да не се проверуваат 124.027 гласачи, кои ги нема во ниту една институционална база, па се заклучило дека се веројатно иселени граѓани, но со право на глас. Не е проблем само правото на глас, туку и кој тоа право го користи: дали тој самиот во странство, или некој друг тука, во Македонија, во негово отсуство“-велат од ДОМ.
На граѓаните им се наметнува двојна реалност и тоа не е здраво. Вака држава не се гради, вака држава се разградува, реагираат од ДОМ.
Слично
