Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДОМ: Иванов да даде оставка, а не да влегува во авантура за прогласување воена состојба

ДОМ: Иванов да даде оставка, а не да влегува во авантура за прогласување воена состојба

Од ДОМ бараат претседателот Ѓорге Иванов да даде оставка, а не да влегува во авантура за прогласување воена состојба и вадење на Армијата на улица.

Од партијата сметаат дека Иванов често ја шокира јавноста и не е неосновано да се мисли дека ќе посегне и по ваква авантура. Тоа го заклучуваат од последниот говор на претседателот одржан вчера во кој тој акцент стави на загрозеноста на земјата од внатрешни и надворешни непријатели.

„Фрли семе на раздор помеѓу граѓаните со различна партиска определба, прогласувајќи ја владејачката партија за спасителка на земјата, а сите други за непријатели. И ова го гледаме како смислена провокација, за да предизвика нечија жестока реакција, по што би имал оправдание за евентуално воведување воена состојба! – констатираат од ДОМ.

ДОМ  го потсетува Иванов на членот 124 од Уставот на Република Македонија, каде што Собранието со двотретинско мнозинство може да распише воена состојба, на предлог на претседателот. По исклучок, тој самиот одлучува за ова прашање, само во случај кога Собранието не работи.

„И веќе не е важно дали е претседателот Иванов несвесно изманипулиран од безбедносните служби и својот кабинет, или самиот свесно манипулира. Ова што го прави и ова што најавува дека може да го направи, е премногу сериозно и опасно. Затоа му порачуваме да се оттргне од максимата „Државата, тоа сум јас!“, да се врати во реалноста и да си даде оставка – додаваат од ДОМ.

За Иванов велат дека вчера настапи како партиски лидер, а не како државник.

Слично

Поврзани вести