Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДОМ и ЛДП: Само со кредибилен список до кредибилни избори

ДОМ и ЛДП: Само со кредибилен список до кредибилни избори
Само со кредибилен список може да се одржат кредибилни избори, изјавија лидерите на ДОМ и ЛДП, Лилјана Поповска и Горан Милевски, на средба во Битола на која разговараа за хаосот во избирачкиот список. Тие се загрижени поради ноншалантноста на ДИК  која тврди дека за 7 дена ќе ги провери спорните гласачи, иако нема согласност колку изнесуваат, дали се 340.000, 230.000 или 80.000? Лидерите на овие две партии, велат дека со непречистен избирачки список и нерегулирани медиуми не се создадени елементарните услови за фер и демократски избори во јуни. И ДОМ и ЛДП имаат изградено јасен став дека за целосна демократизација на Македонија, ќе биде потребна промена на изборниот модел во една изборна единица со отворени листи.
Слично

Поврзани вести