ДОМ бара оставка од ДИК бидејќи не создадоа услови за фер избори
Од ДОМ велат дека разврската на кризата во оваа фаза треба да почне со оставка на Државната изборна комисија, бидејќи не ја заврши работата.
Тие се непосредните виновници што не можат да се одржат фер и демократски избори на 5 јуни, смета ДОМ.
„Прочистувањето почна транспарентно и сите видовме дека Избирачкиот список е полн со починати, иселени, непостојни лица. Самиот ДИК првин со консензус заклучи дека има над 300.000 сомнителни што треба да се проверат, а сега тврди дека избирачкиот список е прочистен. Како можеме да веруваме во тоа, кога знаеме дека ни пријавата од ДОМ за поголем број грешки во списокот, ДИК не ја стави на теренска проверка, ниту пак ни одговори“- велат од ДОМ.
Претседателката на партијата, Лилјана Поповска вели дека и премиерот Емил Димитриев, е пронајден на друга адреса од онаа на која живее во Пробиштип, а истиот тој има дадено трета адреса во анкетниот лист.
