Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДОМ бара ДИК да ги проверува фантомските, а не чесните гласачи!

ДОМ бара ДИК да ги проверува фантомските, а не чесните гласачи!
Од партијата Демократска обнова на Македонија денеска побараа ДИК да ги провери фантомските гласачи а да не ги вознемирува чесните граѓани. Од оваа партија велат дека граѓаните кои со години живеат и гласаат на иста адреса, а некој ги прогласил за спорни се огорчени со право. „ДИК им должи објаснување и ним и на целата јавност, по кој критериум се извадени овие 89.384 лица на список со спорни гласачи“, стои во соопштението. Имено, посочуваат дека не заборавиле дека ова е намален број од 110.440 гласачи, за кои ДИК тврдеше дека не постојат во ниедна база на податоци, образложувајќи дека е добиен  список во кој ги има регуларните гласачи, многу луѓе од јавниот живот, посебно од опозициските партии, но ги нема спорните и прашаа кој си морбидни компјутерски игри со живи и умрени граѓани. В„о списокот на спорни гласачи кој сега теренски се проверува, меѓутоа, ги нема  лицата што се починати, иселени или измислени, а стојат во избирачкиот список!? Овие фантомски гласачи во своето соседство граѓаните самите ги пронајдоа преку електронската апликација на ДИК и ги пријавија!“, велат од ДОМ. „Според официјалните бројки од ДИК, не се ставени за проверка: 124.027 иселени, 35.859 починати, 62.837 кои треба административно да се проверат, 7.345 за кои нема објаснување во која смисла се проблематични. А ДИК претходно со консензус излезе со податок дека има над 300.000 спорни гласачи во избирачкиот список“, се вели во соопштението на ДОМ.
Слично

Поврзани вести