Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДОЛЖНИЦИ НА УЈП: Неплатен данок имаат претпријатија, компании, граѓани

ДОЛЖНИЦИ НА УЈП: Неплатен данок имаат претпријатија, компании, граѓани

Над 4.539 фирми и граѓани се најдоа на најновата листа на неплаќачи на даноци на Управата за јавни приходи (УЈП). 

Oва е осма листа, за долгови  доспеани до 31.04.2017 и неплатени до 31.07.2017 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини. 

Меѓу должниците  со најголеми суми се државните јавни претпријатија. На листата се приватни фирми, загубарите и компании во стечај.

Јавното претпријатие за заштита и одржување на регионалните и магистралните патишта и овој пат по основ на неплатен данок на државата и должи околу 7,5 милиони евра за данок на додадена вредност и данок на добивка.

Јавното претпријатие МЖ Инфраструктира пак должи 756.000 евра за данок на додадена вредност. 

Меѓу должниците се и комуналното јавно претпријатие во Тетово, гостиварското јавно претпријатие Комуналец, како и Јавно претпријатие за стопанисување со објекти за спорт во соопственост на Република Македонија, но и повеќе медиуми. 

Македонската  радио телевизија на УЈП должи 1,7 милиони евра.

Слично

Поврзани вести