Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДОЛЖНИЧКА САГА: Кој го „напумпа“ државниот долг?

ДОЛЖНИЧКА САГА: Кој го „напумпа“ државниот долг?

Според опозициската Вмро-Дпмне, Јавниот долг  го достигнал истрискиот пик, според владеачката СДСМ,  државните долгови се намалуваат и внимателно се менаџираат. Додека двете најголеми партии кршат “копја“ за причините и темпото на раст на Јавниот долг, најновите податоци ја сублимираат вкупната должничка слика за 2017 година.

Така, според новообјавените показатели, на крајот од 2017 година Бруто надворешниот долг изнесувал 7,403 милијарди евра или 73,6% од БДП. Во однос на состојбата од крајот од 2016 година, сега долгот е зголемен во апсолутен износ, но намален како процент од Бруто домашниот производ, или на крајот од 2016 година надворешниот долг изнесувал 7,216 милијарди евра, односно 74,2% од БДП.

Во меѓувреме, Министерството за финансии објави дека првиот квартал од 2018 година завршил со салдо на Јавен долг од 5,084 милијарда евра или 47,2% од БДП, и како процент од БДП, тој се намалил во однос на 2017 година, кога изнесувал 47,6%  и во  2016 година кога бил 48,5% од БДП.

Растот на апсолутниот износ на Јавниот долг беше причина за реакција на опозициската Вмро Дпмне, од каде обвинија дека ова е последица на расипничко менаџирање на јавните финасии.

“Реалната ситуација е дека за само 3 месеци долгот е пораснат за дури 300 милиони евра. Да беше поставен бројчаникот ќе прегореше за само 3 месеци. По само една година власт од страна на СДСМ, нема реализирано ниту едно ветување. Повисоки плати нема, повисоки пензии нема, повисоки стипендии нема, инфраструктурни нови проекти нема, намалување на цената на потрошувачката кошничка нема. 500 евра просечна плата и 100.000 денари плата за докторите останаа само мисловна именка“ – вели Лилјана Кузмановска, пратеничка на опозициската партија.

Ако некој го зголеми Јавнит долг, тоа е Вмро Дпмне, велат од СДСМ.

“ВМРО-ДПМНЕ партијата што е симбол на криминал и расипништво и партија којашто за време на своето 11 годишно криминално владеење за тројно го зголеми долгот на Република Македонија за остварување на криминални интереси, нема никаков кредибилитет да зборува за економија. Поради успешните економски мерки и одговорното управување со финансиите, во 2017 година за првпат по неколку години забележан е пад на јавниот долг, а просечната плата бележи раст од 4,6 отсто“ -  соопштија од СДСМ.

Јавниот долг од економска, изминатите години се претвори во политика тема за партиски обвинувања, особено што трендот на задолжување засили, како и износот на заемите. Според европските стандарди, Македонија сеуште е во групата на умерено задолжени економии, но меѓународните финансиски институции предупредуваат дека јавниот долг мора внимателно да се менаџира, но и да се знае точната намена на заемите, односно кредитите.

Според нивото на Бруто надворешниот долг, земјава е во групата на високо задолжени економии. 

Слично

Поврзани вести