Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДОЛЖИНА НА РАБОТЕН ВЕК ВО ЕУ: Во која земја најмногу работат жените, а во која мажите?

ДОЛЖИНА НА РАБОТЕН ВЕК ВО ЕУ: Во која земја најмногу работат жените, а во која мажите?

Жените во Шведска имаат најдолг работен век, а истото важи за мажите во Холандија. 

Мажите најдолго работат во Холандија (45,7 години), Шведска (44,1 година), Данска и Ирска (42,8 години). 

Жените работат најдолго во Шведска (41,9 години). Холандија и Естонија (41,5 години), а најкратко – во Италија (28,3 години), Романија (28,5 години) и Грција (30,6 години).

Според податоците на Евростат, работниот век е најдолг во Холандија, односно 43,7 години, а најкус во Грција – 34,2 години.

Понатаму работниот век во Шведска е 43,1 година и Данска – 41,3 години. За споредба, во Романија просечното времетраење на активното вработување е 32,2 години, во Италија – 32,9 години, а во Хрватска – 34 години. Недалеку од нив во рангирањето на најкраткиот професионален живот се во Бугарија и во Грција – со 34,2 односно 34,5 години.

Во просек низ ЕУ, од мажите се очекува да работат подолго од жените – 39 години во споредба со 34,7 години. 

foto freepik.com/konstantinraketa

Слично

Поврзани вести