Економија, финансии, бизнис

Контакт

Долж Коридорот 10 ќе никнат девет нови бензински

Долж Коридорот 10 ќе никнат девет нови бензински

Оглас за изградба на бензински пумпи на девет локации долж Кородорот 10, објави Македонското министерство за транспорт и врски во соработка со поголем број институции. Се работи за локации во Велес, Свети Николе и Штип, како и по една во  Градско, Росоман и Демир Капија.

„Се работи за  поголеми површини, коишто покрај изградба на бензински пумпи треба да опфатат изградба и на други објекти, а со цел изградба на повеќе локации за одмор и застанување на патниците коишто патуваат долж овој Коридор“, изјави министерот Миле Јанакиески.

Објавата ќе важи до 27 идниот месец. Истите се доставени и до економските промотори за да може да анимираат странски инвестиции.

Слично

Поврзани вести